Македонија со победа го започна СП во Катар

Македонската ракометна репрезентација со победа го започна 24 издание на Светското ракометно првенство откако со 33:25 славеше над селекцијата на Тунис.

Оваа средба е од големо значење во борбата за втората позиција на табелата во групата Б, доколку се исклучи Хрватска.

Одличниот трпелив напад од изградени и добро одработени акции без избрзани удари кон голот  како и фантастичната одбрана која не дозволи Тунис да ја наметне својата агресивна игра и целосно го неутрализираше нивниот најсилно оружје – шутот од надворешните позиции беше најзаслужна за враќањето од стартната негатива од 3:1 со серија од 8:1 и предност од 9:4 која не ја испуштивме до крајот на дуелот.

На полувреме нашата репрезентација замина со предност од 18:14 а во вториот дел од натпреварот  продолжи со одличната игра. Највисоката предност беше постигната во 36-тата минута од второто полувреме, кога Македонија имаше предност од 6 гола, по што нашите ракометари едноставно не знаеа да згрешат за до 52-та да достигнат и +7 и пред самиот крај и 10 голови предност.

Во составот едноставно се функционираше одлично со што средбата ја завршивме со 76% ефикасност во нападот и само 6 загубени топки. Борко Ристовски зад своето име запиша 13 интервенции.

Најефикасен во нашиот состав беше Кире Лазаров со 10 погодоци, Манасков додаде 6 со 100% реализација, а исто толку имаше и Миркуловски.

За играч на средбата беше прогласен Дејан Манасков.

Нашиот состав утре од 17:00 часот во второто коло на шампионатот во Доха се среќава со Иран.