Македонија со победа над Шведска ќе го продолжи патот кон ЕП 2015 година

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија по победите над Азербејџан и Грузија, денеска во 18.00 часот во салата “Парк” во Струмица ќе игра против Шведска, натпревар кој ќе одлучи за патникот во вториот круг на квалификации за пласман на Европското првенство во 2015 година „Црвено – жолтите” на првите два натпревари славеа со максимални 3:0, а идентичен скор имаат и Швеѓаните. Токму затоа за пласман во вториот круг во кавалификациите за ЕП на овој натпревар ни е потребна било каква победа.

Најефикасен на натпреварот против Грузија беше капитенот Никола Ѓорѓиев кој запиша 15 поени, додека Ристо Николов постигна 8 поени, еден повеќе од Ѓоко Јосифов.