Македонија со Романија за плaсман на ракометниот мундијал следната година

Ракометната селекција на Македонија во репрезентацијата на Романија на ждребот во саботата доби релативно лесен противник во борбата за пласман на Светското првенство коешто следната година ќе се одржи во Данска и Германија.

Двомечот ќе се игра во јуни оваа година. Македонските ракометари влегоа во улога на фаворити, откако селекцијата на Македонија беше сместена во барабанот каде што беа селекциите коишто се носители на ждрепката.

Директен пласман на завршницата на Мундијалот кој следната година ќе се игра од 9-ти до 27-ми јануари, имаат обезбедено домаќините Данска и Германија, како и актуелниот светски првак Франција. Место на завршницата ќе има и тимот кој ќе го освои европското злато во Хрватска.

Други двојки во европскиот бараж се Србија- Португалија, Литванија – Исланд, Чешка – Русија, Словенија – Унгарија,
Белорусија – Австрија, а Холандија ќе се сретне со поразениот тим од финалето на континенталниот шампионат во Хрватска.