Македонија со температури под нулата, само југот во позитива

Најстудено утрово во Македонија е во Маврово и Крушево, каде што се измерени минус 10 степени, минус девет се измерени во Лазарополе, минус шест во Крива Паланка и Пожаране, минус пет во Берово, минус четири во Охрид, Претор, Прилеп и битола, минус 3 во Дебар и Куманово, минус два во Виница, минус еден во Скопје, Штип и Тетово, нула во Струмица, Кавадарци, Дојран и Демир Капија и два степена во Гевгелија.

Времето утрово е облачно, врнежи од снег има на повеќе места во западните делови од земјата, а снег паѓа во Пелагонија. Северен ветер дува во Прилеп, Штип и на повисоките места во Скопската котлина.

Снег од 62 сантиметри има во Маврови Анови, 46 во Лазарополе, 35 во Крушево, 7 во Пожаране, 4 во Тополчани и 2 во Прилеп.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и доста студено со повремен слаб снег, особено во западните делови каде повремено снегот ќе биде поинтензивен. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Променливо облачно со повремен слаб снег и со умерен до повремено засилен северен ветер, поизразен на повискоите места. Дневната температура ќе достигне до 2 степени.

До среда ќе продолжи да дува умерен, во текот на денот повремено до засилен северен ветер. Во текот на утрешниот ден снег ќе провејува во запдните делови од земјата. Потоа следува период на стабилно, студено и суво време. Во текот на неделата утринските температури ќе се задржат ниски и насекаде негативни. Дневните температури од среда благо ќе растат и веќе од четврток ќе имаме насекаде позитивни дневни температури.