Македонија со трет најголем раст на БДП во Европа

Македонија минатата година имала трет најголем раст на Бруто-домашниот производ во Европа односно 3,1 процент. Пред нас се само Романија и Литванија, додека пак целата Европска Унија имала раст 0,1 процент –  е наведено во денешната пролетна економска прогноза на Европската комисија. Според проектираниот раст  за тековната година  се предвидува дека нашата држава ќе го завземе четвртото место со раст на БДП од 3 проценти. За остантите  земји од Унијата и Еврозоната, се прогнозира дека  дури догодина ќе излезат од рецесијата и ќе започне позитивниот тренд на зголемување на БДП.

Опоравувањето  веќе зема замав, вклучувајки ги и ранливите држави.  Политките спроведени во последните години вродија со плод. Инвестициите растат, иако невработеноста остана висока во многу земји , пазарот на трудот се стабилизира и ние ошекуваме подобрување во следните две години.-истакна Сим Калас- в.д. комесарот за економски прашања и монетарна политика на ЕУ.

Економското закрепнување во Македонија  според Европската Комисија се должи на проширување на производсвениот процес особено во градежниот сектор,  стабилен раст на извозот како и на јавните и директнитте странски инвестиции. Комисијата констатира  и дека вработувањата значително се зголемиле во 2013 година, за дури 4,3 проценти во споредба со претходната. . Сепак, во оваа пролетна економска прогноза, ЕК предупредува дека трговскиот биланс и тековната сметка повторно се влошила, а буџетскиот дефицит на Владата за 2013 година е за малку надминат од предвидениот ,  и изнесува 4,1 процент од БДП.-јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Во однос пак  на јавниот долг, иако е забележана тенденција на зголемување во Македонија, па од ланските 36,0 проценти на БДП, годинава се очекува да се зголеми на 38,7 отсто, тоа е  далеку од дозволениот минимум на задолженост на Европската Унија.