четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 55

Македонија “спуштена” на земја – доживеа пораз од Либан

Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш се избламира и попладнево на Националната Арена "Филип Втори" загуби во "дербито на потпросечните" загуби од Либан со 0:1, што е прв пораз на црвено-жолтите во пријателски меч во Скопје по повеќе од четири ипол години.

Македонија "спуштена на земја" - доживеа пораз од Либан

Македонија "спуштена на земја" - доживеа пораз од Либан

Поврзани вести

Ако со Црна Гора, црвено-жолтите одиграа на ниво, денеска репрезентацијата покажа дијаметрално спротивен лик – очајна игра и безидејност да се направи шанса.

За само пет дена, Македонија одигра катастрофален меч против 140-та селекција на светот, која со голот само ни потврди дека засега заслужено сме на срамното 139-то место.

Една грешка на голманот Столе Димитриевски на стартот на вториот дел се покажа како клучна за поразот, прв на пријателски меч на домашен терен, по 9 февруари 2011 година од Камерун со 0:1.

Никаква игра, со обиди само со центаршутеви да се разбие противничката одбрана, Македонија не успеа да ја разбие доброорганизираната одбрана на Либанците и сѐ што сторија избраниците на Игор Ангеловски беа обидите да се загрози голот од корнери. Со стоење, без динамика, со еднолична игра и со “островски пристап”, Македонија и не можеше да очекува повеќе.

Македонија одигра очајно од почеток до крај, буквално не направи шанса. Во првото полувреме (полу)шансите се сведоа по петте корнери од кои и имаа три обиди за гол. Двапати Ванче Шиков (5 и 6 минута) и еднаш Мојсов (43) имаа обиди да го загрозат голот на противникот, додека Либан се обиде преку противнапади да постигне гол и тоа благодарение на лошата поврзаност на средниот ред и загубените топки по кои гостите успеваа да шутнат кон нашиот гол.

Само што почна второто полувреме, Либан веднаш се закани и стигна до гол.

Хасан Чаито беше исфрлен сам пред Димитриевски, но нашиот голман навреме излезе за да спречи гол и по корнерот, потоа исплива за Јоан Омарида ја дочека топката на празната мрежа и ја погоди со глава.

По примениот гол, репрезентативците се обидоа да нападнат, но сѐ се сведуваше на центаршутеви и корнери, па најголемата шанса ја имаше Мојсов во 72-та минута од мечот, по корнерот на Александар Трајковски, биејќи со глава крај дирекот, преку младинецот Виктор Ангелов во 84-та минута со лизгачки старт се обиде да го измами Калил, но не и да погоди, а по корнерот повратната од Мојсов никој не успеа да ја спроведе во мрежата на пет метри.

Во судиското надополнување Чамси Фајез промаши зицер, го утна целиот гол сам пред Димитриевски, а во истата акција Шиков имаше шанса да даде гол, но сакаше да дрибла, па шансата остана неискористена. Последниот обид го имаше Трајковски, но неговиот обид од слободен удар од 20 метри беше лесен плен за либанскиот голман.

Најчитани вести