Македонија и Србија потпишаа меморандум за заштита на конкуренцијата

Македонија и Србија потпишаа меморандум за заштита на конкуренцијата

Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија  по повод Денот на конкуренцијата и одбележувањето на десет години успешно работење организираше Меѓународна конференција посветена на политиката на заштита на конкуренцијата на која присуствуваа и претставници од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија.

На конференцијата присуствуваа еминентни претставници од Република Србија – Потпретседателката на Владата,  Кори Удовички, претставници од меѓународната заедница, претставници на институциите за заштита на конкуренцијата од различни земји, како и претставници на регулаторни тела, научни установи, стопански комори, адвокатски канцеларии и деловни здруженија.

Оваа прилика беше искористена Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија и Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија да потпишат Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка во областа на заштитата на конкуренцијата.

2

Меморандумот го потпишаа челниците на двете комисии  Благој Чурлинов, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија и  Милоје Обрадиќ, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија.

Со овој документ двете комисии сакаат да обезбедат услови за унапредување на досегашната успешна соработка на полето на спреведување на политиката на заштита на конкуренцијата како и развој на билатералните односи со обезбедување на услови за ефикасно делување на пазарот на стоки и услуги. Македонското и српско тело за заштита на конкуренцијата на овој начин ќе бидат уште поблиску до европските стандарди на полето на правото и политиката на заштитата на конкуренцијата кои претставуваат важен сегмент на преговарачкиот процес за пристапување и полноправно членство во Европската унија на двете држави.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија со потпишувањето на меморандумот со колегите од Србија го привршува комплетирањето на формалната рамка за соработка со националните тела од регионот со што значајно ќе се олесни идното работење, усогласувањето на праксата и постапките како и унапредувањето на институционалната законска рамка на политиката на заштита на конкуренцијата во Република Македонија.