Македонија стана членка на Меѓународната организација за миграции

Македонија денеска стана 156 – та полноправна земја членка на Меѓународната организација на миграции.

Ваквата одлука беше донесена од страна на Советот по поднесеното барање за членство на Македонија од страна на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски адресирано до Генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Вилијам Леси Свинг.

Во име на Владата се обрати Директорот за мултилатерални односи во МНР, Амбасадорот Игор Џундев, кој ја поздрави досегашната добра соработка со  Организацијата и ја подвлече континуираната поддршка на активностите на Меѓународната организација за миграции во Република Македонија, посебно за примарните цели на Организацијата која во партнерство со Владата, националните и меѓународните партнери целосно е посветена кон имплементација и зајакнување на стандардите во сите миграционо поврзани прашања.