вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 54

Македонија со штанд на Саемот за туризам во Берлин

saem-za-turizam-1

Последни вести

На ИТБ Германија, еден од најголемите саеми за туризам во светот што се одржува од 9. до 13 март во Берлин, Македонија се претставува со свој штанд.

Саемот за туризам годинава го одбележа 50-от јубилеј, а делегацијата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот привлече бројни посетители на штандот, претставувајќи ја културата, историја и традицијата на нашата земја.

Како што информираат од Агенцијата, на средбите остварени со SKAL (Professional organization of tourism leaders around the world), ANTOR(Association of National Tourist Offices and Representatives), PATA (Pacific Asia Travel Association), ATTA (Adventure Travel Trade Organization), ECTAA (The European Travel Agents’ and Tour Operators’ Accociation), ETC(European Travel Commission) и ETOA (European Travel Association), Македонија доби покана за членство, вмрежување во клубот на големите туристички одлучувачи на глобалната туристичка сцена.

– Македонија станува впечатлива не само во очите на туристите, туку и на агендите на креаторите на туристички политики. Покрај добро етаблирани германски медиуми, иницијатива за соработка стигнаа и од Trip Advisor иBooking, информират од Агенцијата.

Саемот за туризам во Берлин е искористен и за промоција на првата регионална конференција за активен туризам Adventure Next Balkans 2016, која ќе се оддржи во Македонија од 10. до 12 мај и на која ќе учествуваат повеќе од 300 тур-оператори и повеќе од 45 медиуми.

На ИТБ Берлин својата понуда ја претставија и тур операторите Визит македонија, Вардар експресс, Гобалканс, Ториа и Фибула.

Најчитани вести