среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

Македонија супериорно преку Чешка на ракометното ЕП во Хрватска

Од нашата група и репрезентациите на Чешка и Исланд ќе се најдат на Европското првенство во Хрватска.

Поврзани вести

Ракометната репрезентација на Македонија го задржа континуитетот во настапите на големите натпреварувања откако во неделата во Скопје убедливо славеше над Чешка со 33:20 (16:10) и се пласираше на Европското првенство што во 2018 година ќе се игра во Хрватска.

Откако на неодамнешното гостување во Украина пропуштија можноста предвреме да го обезбедат пласманот на континенталниот шампионат, македонските ракометари очигледно беа силно мотивирани и решени да не ја прокоцкаат шансата и полесно од очекувањата ја совладаа Чешка.

Македонија доминираше во сите сегменти од играта, одбраната функционираше одлично што им овозможи на голманите да забележат висок процент одбрани, додека нападот беше мотивиран, прецизен и на моменти луциден.

Откако првиот дел го завршија со сигурна предност од шест голови, македонските ракометари и во вториот продолжија со истото темпо, коешто очигледно чешките противници не можеа да го издржат.

Најефикасен во македонската селекција беше Кирил Лазаров кој постигна 11 голови, Манасков запиша шест, додека пак Жарко Пешевски пет погодоци. Одличен натпревар имаше и голманскиот тандем со вкупно 22 интервенции. Борко Ристовски за неполни 50 минути собра 16 интервенции, додека Никола Митревски беше одличен во последните десетина минути успевајќи да одбрани шест удари на Чесите.

 

Најчитани вести