Македонија “тоне” се’ подлабоко – Антига и Барбуда, Етиопија, Боцвана се пред нас на ФИФА ранкингот

Македонија е меѓу десетте најслаби земји во Европа, но првпат во историјата дочека фудбалски да биде послаба од Фарските острови. Денеска Светската фудбалска федерација (ФИФА) го потврдија новиот пад на црвено-жолтите на мартовската листа, на која паднавме четири места и сега фудбалската селекција е на 108-то место на рангирањето.

Новиот, четврти пад во низа, овојпат е биде историски, затоа што една од земјите која е фудбалски анонимус, сега успева да биде три позиции пред Македонија. За среќа, сѐ уште има „фудбалски имиња“ што се зад нас – Андора, Сан Марино, Малта, Казахстан, Луксембург, Лихтенштајн, Грузија… Гибралтар не е рангиран затоа што не е членка на ФИФА, туку само на УЕФА.

На најновото рангирање, Македонија загуби 12 бода, сега има 308 бода, назадуваше четири места и на крајот на месецов има шанса да го сопре новиот вртоглав пад. На гости ни доаѓа Белорусија, која мора да се победи. Секој нов неуспех ќе значи дополнително назадување и уривање нови рекорди.

Нашиот следен противник во евроквалификациите (27 март) Белорусија скокна три позиции, па влезе во стотката, на 98-то место, а само Луксембург е зад нас, на 136-то место поради пад од седум позиции. Од другите противници во групата, европскиот првак Шпанија првпат по осум години не е дел од од „топ десет“, откако новото назадување од една позиција ги однесе на 11-та позиција. Словачка остана на 22-то место, а Украина падна четири позиции и е на 31-то место.

На врвот на листата има само една промена, Италија со скок од две позиции за да се врати во „топ десет“ како последна во врвната група. Германија очекувано останува лидер пред Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Уругвај и Италија.

Следното рангирање е на 9 април.

Извор: Спортмедиа