Македонија трета најдарежлива земја во регионот

На листата од 135 земји, Македонија се наоѓа на 72. место по Индексот на дарежливост, при што сме на 41. место кога е во прашање донирање пари, на 98. за укажување помош на непознат и на 90. место за волонтирање. Во однос на минатата година сме напредувале за 29 места.

Ова го бележи ранг листата на британскиот фонд за добротворна помош (Charites Aid Foundation) кој веќе петта година по ред спроведува истражување за индексот за дарежливост на земјите ширум светот.

Индексот на дарежливост се мери со просекот во три категории на доброволно однесување – процент на лицата кои месечно донираат пари во хуманитарни цели, оние кои волонтираат и оние кои им помагаат на непознати лица кои зависат од нашата помош. Истражувањето се спроведува петта година по ред и е најголемо такво во светот и е со цел да ги поттикне поединците и нациите да бидат подарежливи.

На врвот на листата се Соединетите Американски Држави и Минамар, сиромашна држава на југоистокот на Азија. Следуваат Канада, Ирска, Нов Зеланд и Австралија.

Од земјите од регионот, најдобро рангирана е Словенија на 24. место и Косово на 50. место. Потоа следуваат Албанија на 85. место, Босна и Херцеговина на 103., Грција на 120., Србија на 124., Бугарија на 126. и Хрватска и Црна Гора на 130 место.

На оваа листа најлошо рангирана на 135. место е Јемен.