Македонија дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Македонија дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Претседателот на Туристичко – угостителската комора  при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Аркан Керим со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Светската туристичка организација (UNWTO).

– Во фокусот на конференцијата е квалитетот на туристичките производи, кои треба да бидат двигател за успех на медитеранските дестинации. Во оваа насока дискутираме и Република Македонија да биде активно промовирана во медитеранско-балканската туристичка понуда на Светската туристичка организација. Правиме заложби нашата земја да биде промовирана во трети земји како атрактивна туристичка дестинација. Веќе остваривме средби и со комори и организации од Јордан, Турција, Словенија, Хрватска во насока на идно зцврстување и официјализирање на соработка, изјави Керим, пренесува МИА.

На конференцијата присуствуваатмеѓународни експерти од областа на туризмот и повеќе од 200 учесници кои во рамки на панел дискусиите ќе имаат можност да ги претстават своите искуства како и искуствата на земјите и компаниите од каде што доаѓаат. Учествуваат и претставници на Европската комисија за заштита на животната средина, рибарство, министерства за туризам на Хрватска, Мароко, Тунис, Малта, претставници на хотели, туроператори, крузинг компании, туристички организации и слично.

Целта на Конференцијата е создавање платформа за медитеранските и балкански дестинации и сите релевантни партнери за дијалог во врска со актуелните и потенцијаните предизвици  во насока на остварување партнерство со земјите од регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.