Македонија учествува на Медитеранската берза за археолошки туризам во Салерно

Република Македонија со штанд претставуван од Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) учествува на 19. Медитеранска берза за археолошки туризам, која од 29 октомври до 1 ноември се одржува во Салерно, Италија.

– Туроператори од цел свет се интересираат за Македонија како туристичка дестинација а, исто така, македонското културно наследство е привлечно за странските универзитети, министерства, музеи и други институции, информира УЗКН, пренесува МИА.

На штандот може да се добијат промотивни материјали, како видеа, флаери, постери.., а се презентирани и првите десет публикации од новиот пеокт за македонското културно наследство – за средновековните сакрални споменици:  црквата Св. Пантелејмон во Нерези, манастирот Зрзе и Шарената џамија во Тетово, и седум публикации за археолошки локалитети: Старо Бонче, Скупи, Скопско Кале, Цареви Кули, Стибера, Хераклеја Линкестис и Тетовско Кале.

Салерно саем археологија 2

На саемот учествуваат земји од цел свет, меѓу кои Русија, Хрватска, Азербејџан, Бугарија, Грција, Турција, Јордан, Тунис, Узбекистан, Малта, Кипар, Венецуела, Израел, Естонија. Оваа година земја во фокус е Индија.

На еден од најпознатите археолошки европски саеми годинава присуствуваат проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, директорка на НУ Археолошки музеј на Македонија, како и претставници од Управата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.