Македонија учесник на Светскиот конгрес за женско претприемништво во Тајван

Светскиот конгрес за женско претприемништво (21-25.09) во моментов се оддржува во Таипеј, Тајван во присуство на преку 150 жени делегати од 120 земји од светот. Конгресот е во организација на светската мрежа FCEM – интернационална невладина организација за жени претприемачи, која е основана пред 60 години во Франција.

Свое обраќање, вчера (23.09) имаше и делегатот од Македонија, Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија, која истакна дека „женското претприемништво во РМ процентуално е во рамките на европскиот просек, со нешто повеќе од 30% компании основани од жени, но основен проблем ни е големината и изнаоѓањето решение како тие компании да имаат поголем профит, како да се справуваат со кризните сктуации и како да прераснат од микро во мали претпријатија“. Дисовска во своето обраќање нагласи дека Здружението на бизнис жени за своето постоење од 4 години успеа да ја подигне свеста на темата женско претприемништво, при тоа достигнувајќи препознатливoст во национални ,регионални па и светски рамки.

На овој светски конгрес, обраќањето на претседателката Дисоска, како и учеството на Здружението на бизнис жени е под уставното име Република Македонија.