Македонија, Унгарија, Турција, Србија и Грција ќе се договараат за проектот „Турски поток“

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Будимпешта, заедно со министрите за надворешни работи на Унгарија, Грција и Србија и министерот за ЕУ прашања на Турција, ќе учествува на министерски состанок посветен на прашања за енергетската стабилност во Регионот на Централна и Југоисточна Европа.

Состанокот се одржува на иницијатива на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто а ќе се разгледува интересот на земјите за поддршка на диверзификацијата на рутите и изворите за снабдување со природен гас од Република Турција.

Според најавите, на состанокот ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подотвени да се реализира проектот за нов гасовод. Проектот „Турски поток“ е антернатива за проектот „Јужен поток“ и е проект на руската компанија „Газпром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.

Русија во декември минатата година соопшти дека се откажува од проектот „Јужен поток “ поради неконструктивна позиција на ЕУ.