Македонија во финалето на футсал турнирот во СЦ “Борис Трајковски”

Македонската футсал репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на меѓународниот пријателски турнир кој се одржува во СЦ “Борис Трајковски” а во организација на Фудбалската федерација на Македонија.

Нашите футсал репрезентативци во полуфиналето тесно ја совладаа Финска, со 5:4, додека пак Шпанците беа убедливи против Турција со 11:1.

Финалето се игра вечерва во 21:30 часот, додека за третото место ќе се борат Финска и Турција, а натпреварот започнува во 19:30 часот.