Македонија во група со Англија во квалификациите за ЕП У-19

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби противниците во елитните квалификации за Европското првенство до 19 години.

Во групата 2 со „црвено-жолтите“ се Англија, Унгарија и Летонија.
Македонија пред жрепката беше носител, со оглед на првото место во групната фаза од претквалификациите во конкуренција на Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Европското првенство ќе се игра во Финска во јули следната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.