Македонија во група со Данска, Австрија, Турција и Словенија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ќе игра во Б – групата во својот прв настап во Европската лига шротивници на “црвено – жолтите” во ова натпреварување ќе им бидат репрезентациите на Данска, Австрија, Турција и Словенија.

Натпреварите ќе се игра по принцип, дома-гости. Евролигата сезонава ќе стартува во првата недела од јуни а ќе заврши на 19/20 јули, кога ќе се добие победникот, кој како награда ќе добие место во Светската лига
Македонија првиот натпревар во Евролигата ќе го одигра на гости на 6/8. јуни, против репрезентацијата на Австрија.

Првиот натпревар пред домашна публика одбојкарите ќе го одиграат на 13/15 јуни, против репрезентацијата на Данска.Следните натпревари ги играме на 20/22 јуни, против Турција и на 4/6 јули на гости со Словенија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.