Македонија во регионалната иницијатива за гасно поврзување

Македонија во регионалната иницијатива за гасно поврзување

Министерот за економија Беким Незири денеска ќе информира за Меморандумoт за разбирање за Заеднички пристап за решавање на диверзификација на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување.

Како што соопшти Министерството за економија, Меморандумот е дел од иницијативата на Централна и Југоисточна Европа за гасно поврзување (CESEC), во која Република Македонија успеа да вгради два од своите предложени проекти за гасно – енергетско поврзување со земјите од Централна и Југоисточна Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.