Македонија

Македонија во топ 8 светски туристички дестинации

Македонија во топ 8 светски туристички дестинации

Според еден интернет портал, во топ осум светски дестинации кои треба да се посетат се Сејшели, Бразил, Мексико, а меѓу нив е и Македонија, пишува српски „Курир“ (http://www.kurir-info.rs/makedonija-zemlja-snova-komsije-u-top-8-svetskih-turistickih-destinacija-clanak-1439799).
На листата не е спомената ниту една друга држава од Балканот.

Според порталот, топ осум дестинации се:
8. Малезија
Оваа земја има една од најбрзорастечките економии во Југоисточна Азија. Покрај многуте историски и природни атракции, земјава отворила и нови места кои ќе им се допаднат на туристите, како Парк на птиците, во кој се наоѓаат стотина видови на птици.
7. Македонија
Балканските држави не се толку популарни како нивниот сосед Грција, но забрзано се позиционираат во значајни туристички атракции. Македонија има богата историја за сите љубители кои сакаат да се занимаваат со истражување. Исто така, се работи за модерна земја која има многу ресторани, клубови и пабови.
6. Белгија
Белгија е една од оние европски земји кои туристите умеат неоправдано даја занемарат. Прекрасни се  градови како Брисел, Бриж и Антверпен. Позната е по своите чоколади и пиво.
5. Сејшели
Овие преубави острови сместени во Индискиот океан се познати како дестинација за оние со подлабок џеб. Ова е идеално место за оние кои сакаат да избегнат метеж.
4. Мексико
Мексико секогаш им привлекувал внимание на оние туристи кои сакаат убави плажи и егзотична култура.

3. Шведска
Шведска е една од најфасцинантните дестинации во Северна Европа. Покрај незаборавните предели, тука се и градовите кои вреди да се посетат:Стокхлом и Умео.
2. Шкотска
Оваа земја секогаш е незаборавно место кои туристите го обожуваат, особено во текот на летоот. Шкотска ја има унапредено сообраќајната мрежа и отворила уште неколку спортски објекти со цел туристите да се чувствуваат подобро.

1. Бразил
Има премногу причини да се посети Бразил во овој период од годината. За почеток, доволно е да се каже – Светско првенство во фудбал. Тука се и преубавите плажи како и богатиот ноќен живот.