Македонија

Македонија во трка со Обединетото Кралство за најубаво знаме

Македонија во трка со Обединетото Кралство за најубаво знаме

Во конкуренција од 64 државни знамиња, македонското убедливо е на врвот, покажуваат резултатите од  електонското гласање за избор на најубаво знаме, што го организира канадскиот весник „Тhe Province“, преку својот веб-сајт.

Македонија влезе во финалето, заедно со Обединетото Кралство и според  моменталните резултати, нашето знаме убедливо е најголем фаворит.

Гласањето почна од  крајот на јануари.  Победникот ќе се прогласи на Денот на знамето на Канада, на 15 февруари.

Во гсасањето може да учествува секој, вашиот глас може да го дадете на овој линк   http://blogs.theprovince.com/2015/02/11/knockout-tournament-its-macedonia-vs-united-kingdom-for-best-looking-flag/