Спорт

Македонија во врвот на светскиот рекетлон – 1 финале и 1 полуфинале

Македонија во врвот на светскиот рекетлон – 1 финале и 1 полуфинале

Македонскиот бадминтон со своите преставници на светскиот рекетлон турнир IWT Bulgarian International Championship 2014 кој се одржа на 09 и 10.08 во Софија уште еднаш ја покажаа својата доминација во овој спорт.

Да потсетиме дека во 2012 го освоија 4-тото место во екипна јуниорска конкуренција на светскиот рекетлон турнир, а во 2013 освоија 2 сребра во поединечна јуниорска конкуренција.

Оваа година ги одмерија силите со светските сениорски натпреварувачи, и иако се сеуште јуниори, Ина Стефановска и Петар Живковски во своите дисциплини стигнаа до финалето и полуфиналето каде со далеку поискусните противници водеа рамноправни борби, но сепак потклекнаа и своите гради Ина Стефгановска ги закити со сребрен медал во дисциплина Woman B а Петар Живковски го освои четвртото место во дисциплина Men C.

Ова за нас претставува досега најголем успех во сениорска конкуренција, и сите се надеваме дека иако малку фалеше оваа година, идната година на еден ваков светски настан ќе се свири македонската химна при прогласување на победниците, изјави Претседателот на македонската бадминтон федерација – Диме Стефановск.