Спорт

Македонија во вториот барабан за ждрепката за ЕП 2016 година

Македонија во вториот барабан за ждрепката за ЕП 2016 година

По сите возбудувања околу настапот на младинската репрезентација во квалификациите за ЕП во Австрија, вниманието на македонската јавност наскоро ќе биде насочено на сениорските квалификации за пласман на ЕП 2016 во Полска.

Извлекувањето е закажано на 11 април (петок), со почеток во 11:30 часот во Варшава. Вкупно 28 репрезентации, поделени во четири барабани, ќе се формираат седум квалификациски групи. Пласман на ЕП ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група плус најдобрата третопласирана селекција по завршувањето на квалификацискиот циклус.

Македонија е во вториот барабан, што значи дека нема да се сретнеме со селекциите на Исланд, Германија, Русија, Белорусија, Шведска и Норвешка.

Барабан 1: Данска, Шпанија, Хрватска, Франција, Србија, Унгарија и Словенија.
Барабан 2: Исланд, Германија, Македонија, Русија, Шведска, Белорусија и Норвешка.
Барабан 3: Австрија, Чешка, Црна Гора, Словачка, Литванија, Португалија и Холандија.
Барабан 4: БиХ, Израел, Летонија, Швајцарија, Украина, Турција и Финска.