„Македонија вработува 2“ отовра нови работни места

Владиниот проект „Македонија вработува“ од крајот на јули влезе  во втора фаза. Според најавите, со оваа владина мерка која ќе спроведува 12 месеци се планира да се отворат до 20.000 работни места. Доколку се повторат постигнатите резултати од претходниот пат, тогаш стапката на невработеност ќе се спушти од актуелните 24,5% на 22% до 2018-та година.

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска беше во посета на општина Виница, каде што преку овој владин проект, фирмите имаат отвоено нови 180 работни места.

Во таа насока, Спасов оствари и средба со сопственикот на виничката фирма „Мода стар“, која ги користи бенефициите на „Македонија вработува“и  има отворено 40 нови работни места.

d

„Мода стар“ е успеша македонска комапнија, отворена пред две години, со која што интензино соработуваме. Корсник е на голем број мерки  што се нудат од Агенцијата за вработување. Тука се вработени околу 40 лица преку проектот „Македонија вработува“, порект кој на сопствениците им помогна да заштедат финнсиски средстава за отворање на нови вработувања. Проектот „Македонија враотува“ даде одлични резулати, 18.900 ново оворени работни места, а во општина Виница околу 180 новоотоврени работни места,  што е поздравување за една ваква мала општина, посочи Спасов.

„Македонија вработува 2“ досега резултираше со нови 911 вработувања од кои 10 се во Виница. Од нив, околу 500 новоотворени работни места се за млади лица до 35 години.

Овој проект им  помага на македонските компании да отворат нови работни места. Во просек на годишно ниво заштедата е 1.500 евра за едно  новотоворено работно место. Освен за раст и развој на компаниите, овој проект значитено помага и за намалување на невработеноста која досега е историски најниско ниво, истакна Спасов.

Градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев, истакна дека бројот на  вработени лица во општината од 3.300 во 2006 година, сега е 5.500 во Виница.

Сопстеникот на „Мода стар“, Дејан Петков вели дека компанијата стартувала со 20 вработени, а денес брои 12о вработени лица. За 40 од нив ги користи мерките на Владата преку програмата „Македонија вработува“.

Како сопственик овие бенефиции се многу големи заради големата конкуренција во текстилната индустрја, и за да може да бидеме поконкурентни и да ги зголемиме личите доходи на нашите работени, вели Петков.