Проектот „Македонија вработува“ дава резултати – 4.000 вработени за три месеци

Во Струга 110 лица вработени преку „Македонија вработува“
Во Струга 110 лица вработени преку „Македонија вработува“

Проектот „Македонија вработува“ дава резултати. Речиси 4.000 лица кои досега не успеале да го најдат своето место на пазарот на труд, преку овој мега-проект успеале да најадат вработување.

Со поволностите што ги нудат мерките од овој проект, најголем број работни места отвораат малите и средни бизниси. Според пресметките тие заштедуват и до 30 насто од просечната бруто плата за период од три до пет години, а најбаран кадар се младите лица  до 35 години.

Скопскиот и полошкиот регион со најголем број вработувања

По бројот на вработувања преку мерките од проектот „Македонија вработува“ лидери се скопскиот и полошкиот регион.

Анализата на податоците покажува дека од 3.900 вработени лица, над 700 се од Скопје, а околу 600 се од Полошкиот регион. Во Тетово реализирани се 319, а во Гостивар 268 нови вработувања. Следуваат Кочани со 257 нови вработувања, па Струмица со 254 и Прилеп, каде се се вработени 232 лица, пишува „Лидер“.

Најмногу се вработуваат лицата со средно образование

Најмногу се вработуваат лицата со средно образаование. Меѓу новите 4.000 вработени за три месеци, дури 2.254 се со средно, а 935 од вработени се со завршено основно образование. Проектот „Македонија вработува“ дава резултати и за невработените што имаат завршено високо образование. Речиси 600 врабоени лица се со завршено високо образование, а преку овој проект работа обезбедиле и 50-тина магистри.

Околу 2.600 фирми досега ги искористиле бенефитите од проектот „Македонија вработува“, а интересно е тоа што повеќето од нив, односно 2.200 се мали фирми кои со помалку од 10 вработени. Тие на годишно ниво ќе заштедат од 2.000 до 10.000 евра. Најголем интерес има за вработување на лица до 35 годишна возраст, како и за повозрасните со над 50 години.  Според прогнозите на надлежните, со проектот се планира вкупно да се отворат окоу 20.000 работни места, пишува „Лидер“.

Отворени над 5.500 работни позиции, се бараат стручни кадри

Работодавачите, поттикнати и од мерките и поддршката која ја дава Владата, не мируваат ниту во периодот на  годишни одмори. Дел од нив и во овој момент бараат нови и стручни работници.

На пазарот на труд во моментов отворени се дополнителни над 5.500 работни позиции
На пазарот на труд во моментов отворени се дополнителни над 5.500 работни позиции

На пазарот на труд во моментов отворени се дополнителни над 5.500 работни позиции. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Стручните кадри се сѐ повеке барани на пазарот на работна сила, но најмногу огласи во моментот има за продавачи, за хигиеничари и во угостителството и за келнери. Барани на берзата на труд се и работниците за едноставни работи, магационерите, работниците на производствена линија, такститстите, текстилците и шивачите, а има потреба и од дизајнери на интернет страници. За работодавците, најбарани се техничките кадри, за кои како што велат, најтешко се наоѓаат на пазарот на трудот. ИТ професионалците, инженерите подолг период се на цена. Најмногу слободни работни места отворила трговијата- повеќе од 1.800, и преработувачката индустрија доминира на врвот со отворени над 1.300 работни места. Работници се бараат и во градежништвото, транспортот, угостителството, земјоделството и финансиските дејности, пишува „Лидер“.

Недостасуваат квалификувани кадри

Недостасуваат квалификувани кадри!
Недостасуваат квалификувани кадри!

Електроинсталатери, монтери, заварувачи, бравари. Ова се кадрите што најмногу недостасуваат на пазарот на труд во моментов.  Надлежните преку обуки ќе го решаваат проблемот со дефицитарните занимања, а за таа намена неодамна беше објавен и оглас.

Над 70% од објавените огласи отпаѓаат на техничките кадри, но токму овие кадри најтешко се наоѓаат на пазарот на трудот, велат работодавачите.Според познавачите на пазарот на труд, ваквата состојба е и поради влезот на странските инвеститори во земјава, кои имат најголема потреба од технички и стручни кадри, пишува „Лидер“.

За годинава најавено е 20 нови компании да почнат бизнис во Македонија, да отворат 14 илјади нови работни места во следните неколку години.

Спасов: „Македонија вработува“ дава резултати

Преку „Македонија вработува“ вработени над 3.500 лица
Спасов: „Македонија вработува“ дава резултати

За неполни три месеци проектот „Македонија вработува“ дава резултати, во овој период вработени се 3.850 лица во Македонија, а во општина Кочани бројот на вработените преку овој проект е 256 лица.

Станува збор за нови вработувања, и тоа претежно во компаниите поголемите инвеститори „Антура“ и „Амфенол“, но и во неколку помали странски компании  во општината.

За ова минатата недела говореше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на Облешево, каде беше пуштена во употреба новата детска градинка.

Нов проект за зголемување на вештините и способностите на невработените лица

Покрај тоа што говореше за првичните резултати од проектот „Македонија вработува“, министерот Спасов се осврна и на новите проекти, кои што, како што рече имаат за цел да им помогнат на невработените лица да ги зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место.

За новиот проект на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за обука на побарувани занимања на пазарот на трудот, Спасов истакна дека ќе се обучат 220 невработени, на механизацијата и машините кои функционираат во приватните компании, кои се подготвени да вработат обучени кадри.

Со ова ќе се зголемат нивните способности и вештините  кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната  вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупно 12.000.000 денари, појасни Спасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.