Македонија

„Македонија вработува“ денеска во Штип

„Македонија вработува“ денеска во Штип

Агенцијата за вработување денеска во Штип ќе го промовира проектот „Македонија вработува“.

На градскиот плоштад во Штип ќе бидат поставени специјални штандови на кои граѓаните ќе можат да се запознаат со придобивките од проектот.

Со проектот се предвидува да бидат опфатени околу 150 илјади невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лица над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години.

Работодавачите кои ќе вработат лица од овие категории ќе бидат ослободени од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок на доход во период од една до пет години со обврска да ги задржат на работа уште една година.