Македонија

„Македонија вработува“ ќе донесе нови 20.000 работни места

„Македонија вработува“ ќе донесе нови 20.000 работни места

На денешниот Конгрес на владејачката партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски потенцираше дека со новиот проект „Македонија вработува“ ќе се отворат нови 20.000 работни места.

-Новиот проект Македонија вработува, кој е наменет за вработување на лица од различна возраст преку ослободување од плаќање персонален данок и социјални придонеси во перидот од ти до пет години, што ќе ги мотивира компаниите да вработат нови лица и да го зголемат производството се проценува дека за една година ќе се отворат нови 20.000 работни места само од оваа мерка, истакна Груевски.

Тој додаде дека во изминатите 4 години од огромна помош за домашните компании беа обезбедените поволни кредити од надворешени извори со субвенционирана камата, кои во најтешкиот кризен период, преставуваа главен извор на кредитирање на сите компании.