„Македонија вработува“ вработи речиси 9.000 лица

Речиси 9.000 лица досега се вработиле преку владиниот проект „Македонија вработува“.

Над 5.000 фирми ги искористиле поволностите од проектот кои нудат можност за ангажирање на кадар на кои  притоа му исплаќаат само нето плата без обврска за придонеси.

Интерес има и за користење и на другите активни мерки од Агенцијата за вработување. Отворен е конкирсот за вработување на  лица со посебни потреби, за практиканство, во моментов околу 200 лица се на обука кај познат работодавач , а уште 500 тини пројавиле интерес. Сепак проблем на пазарот на трудо и натаму остануваат занаетите.

Над 65% во просек од секоја обука остануваат, некаде имаме и 100% кои што остануваат , но  се зависи од упорноста на самите кандидати: Во овој момент имаме проблем со недостиг на некои вештини, квалификации на пазарот на трудот како што се , најголем дел и припаѓаат на групата на занаетчиски дејности и вештини , лимари, заварувачи, истакна Влатко Поповски, директор на АВРМ кој учествуваше на јавната трибината во организација на Институтот Павел Шатев на тема ”Странски инвестиции и вработувања во Република Македонија”.

Голем број на вработувања се реализирани и во странските компании. Нивниот влез во земјава донесе нови знаења и технологии особено во ИТ секторот.

За 2016 година се обезбедени средства за тренинг и реобука на 220 ИТ специјалисти кои ќе бидат во голема мера запослени баш од овие ИТ компании, истакна Климент Шеќеровски заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции.

До крајот на годинава вкупниот број на вработени во зоните  ќе достигне 6000, а исто толку работни места се отворени преку мерките на АВРМ и приватните фирми.