Македонија втора на „Трофеј Македонија“

Македонската кошаркарска репрезентација со победата над Црна Гора од 65:58, го освои второто место на турнирот „Трофеј Македонија“ што се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Првото место го освои Италија, којавопоследниотнатпреварјасовлада и Полска со 73:65.
Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс беше најкорисен играч на средбата со 18 индекснипоени, кои ги заслужи со својот дабл-дабл од 13 и 10 скока, на кои додаде и две украдени топки и една асистенција. Двоцифрен ефект од неговите соиграчи имаше само уште Бојан Трајковски, кој запиша 10 поени и пет скока, но затоа десетмина кошаркари во записникот се запишаа во листата на стрелците.
На двата турнира во Охрид и во Скопје македонските кошаркари забележаа вкупно пет победи и еден пораз (синоќешниот од Италија), а до стартот на квалификациите за Европското првенство треба да одиграат и дуел на гости со Хрватска. Квалификациите за Македонија ќе почнат на 10 август против Белгија на домашен терен, а во групата се и Белорусија и Данска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.