Македонија за прв пат дел од Комитетот за Источно-Европски економски односи

Заменик министерот за економија Христијан Делев денеска во Берлин ќе учествува на состанокот на Комитетот за Источно-Европски економски односи, организација составена од водечки германски асоцијации и претставници на германските најголеми компании.

Имено, Македонија досега не беше дел од овој комитет кој има за цел зголемување на економската соработка со Русија, источна, централна и југоисточна Европа, кавкаските републики и Централна Азија.

Заменик министерот Делев денеска попладне на посебен панел ќе ги претстави македонските економски потенцијали и можностите за инвестирање пред петнаесетина извршни директори на најголемите германски компании.

Комитетот за Источно-Европски економски односи е основан во 1952 година и во него членуваат сите најголеми компании кои имаат свои бизнис проекти или намери за инвестирање во Источна Европа и Централна Азија.