Македонија забрзано паѓа на ФИФА ранг листата

Македонската репрезентација “падна” 36 места на најновата ФИФА ранг листа, па овој месец ќе бидеме на 112.место со 286 бода, ранкинг најслаб во последните 20 години.

Поразот од Шпанија на стартот од квалификациите за ЕП 2016 ни донесе неверојатно назадување, па така ова е најслабиот ранкинг по 1998 година кога бевме на 117.место, откако претходно бевме примени во ФИФА и УЕФА.

Од селекциите кои се во нашата квалификациска група за ЕП 2016, сега единствено сме пред Луксембург кој е на 127.место, додека Белорусија назадуваше за една позиција и сега е на 89.место. Словачка е на 40-та позиција, Украина на 24. место, а Шпанија е на осмата позиција.

На врвот на листата и натаму е без променија Германија пред Аргентина, а сега на 3. место е Колумбија пред Холандија, Белгија, Бразил, Уругвај, Шпанија, Франција и Швајцарија.