Македонија загуби од Албанија со гол во финишот

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да го задржи вчерашниот резултат и со гол примен во финишот од натпреварот загуби на гостувањето во Скадар кај Албанија со 2:1.
Последните 15 минути од натпреварот кои се одиграа денес беа несреќни за Македонија. Албанија не беше подобар противник но еден момент го реши мечот.
Во 89. минута центаршут од слободен удар на Мамушај, лоша интервенција на македонската одбрана, топката дојде до Балај кој погоди за конечни 2-1.
До крајот Македонија се обиде да дојде до ново изедначување, имавме една голема шанса преку Ибраими, но албанскиот голман одбрани.