Македонија загуби од Црна Гора и испушти финале против Грција

Македонската одбојкарска репрезентаци испушти голема шанса да игра во финалето на Евролигата и тоа против Грција. Избраниците на селекторот Жарко Ристовски, загубија во реваншот од полуфиналето на гостувањето во Будва од Црна Гора со 3:1 ( 25:21, 13:25, 25:22, 25:23).
Но, “црвено – жолтите” нема да играат во финалето бидејќи го загубија и златниот сет ( 15:10), кој се играше благодарение на тоа што на домашен терен победија со истиот резултат.
Во второтот полуфинале Грција по поразот од 3:2 на домашен терен од Словенија, триумфираше на гости со 3:1 по што се пласираше во финалето каде ќе ги одмери силите со Црна Гора.