Македонија закотвена на 77-то место на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезнатација остана на 77-то место со 442 бодови на најновата табела којашто во четвртокот ја објави ФИФА, и во којашто генерално во однос на минатомесечната нема промени.

Имајќи предвид дека во изминатите триесетина дена не беа играни репрезентативни натпревари, не дојде до посериозни промени не само кај македонскиот национален тим, туку и кај поголемиот дел од селекциите.

Пред Македонија се рангира и Кина, Уганда, Киргистан и Сирија, а зад се селекциите на Замбија, Белорусија, Канада, Обединетите Арапски Емирати…

Првото место како и минатиот месец го држат актуелните светски прваци Германија со 1.544 бодови, втор е Бразил со 1.384 а Белгија е трета со 1.346 бодови. Следат Португалија – 1.306, Аргентина – 1.254, Швајцарија – 1.179, Франција – 1.166, Шпанија – 1.162, Чиле – 1.146, а првите десет селекции ги заокружува Полска со 1.128 бодови.

Бидејќи оваа ранг листа е обавена на четири седмици пред почетокот на Светското првенство во Русија, се очекува поместувања со оглед на тоа и што ќе има и повеќе термини за пријателски натпревари. Македонија нема закажани дуели па оттаму ранкингот ќе зависи од движењето на другите селекции.

Следните натпревари на Македонија се дури во септември, кога ќе почне Лигата на нации новото натпреварување на УЕФА. Таму сме во група со Ерменија, Лихтенштајн и со Гибралтар, кои исто така ги задржаа своите места на денешната, нова ранг-листа.

Ерменија е на 98-та позиција, Лихтенштајн на 181, а Гибралтар е петти од зад, односно на 196-то место. Првиот натпревар Македонија го игра на 6-ти септември, на гости кај Гибралтар.