ТОП,Македонија

Македонија заложник на ќејфовите на Ванхауте

Македонија заложник на ќејфовите на Ванхауте

Посредникот во спорот меѓу власта и опозицијата во Македонија, белгиецот Питер Ванхауте на преговорите се однесувал крајно арогантно и без никаков респект кон граѓаните и државата, упатувајќи директни закани што би се случило доколку не бидат прифатени сите негови барања, дознава Нетпрес од свои доброупатени извори.

Ванхауте, како што дознава Нетпрес се заканувал со одземање на фондови, грантови, укинување на визниот режим за граѓаните, стопирање на инвестиции, а отишол дури дотаму што имало закана и за војна во случај ако неговите барања не бидат прифатени.

Извори од СДСМ брифираат дека како што се движат работите Ванхауте со својата популарност во партијата последниве месеци го надминал и Зоран Заев, како и дека опасно му се доближува и на некогашниот прв човек на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Имено, Ванхауте, покрај набиената агенда успева да најде време за дружба и со младите социјалдемократки. Со него денес во едно познато скопско кафуле се дружеа и сликаа членови на СДСМ од понежниот пол, и тоа на пауза од нивни партиски семинар.

Останува прашањето зошто тоа е така – дали поради дневницата од 900 евра или пак поради неговиот изглед?

СДСМ Ванхоуте