Македонија жртва на СДСМ и Сорос со истото дестабилизирачко сценарио како и во 2001 година

Она што уште пред три месеци го истакнуваа македонската влада, медиумите, аналитичарите и експертите, односно дека станува збор за добро осмислен обид за дестабилизација на Македонија, со сесрдно логистичко учество на домашни елементи пред се’ олицетворени во претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, придружуван од тесната клика од своето партиско раководство околу него, како и предавничката Соросова фондација, денеска за жал почна да се остварува.

Едноставно кажано, сценариото за предизвикување на сериозни тензии и конфликтност во општеството, за нарушување на меѓуетничките односи, за дестабилизација на Македонија, денеска почнува да ја добива својата финална фаза.

МВР денеска информираше дека караулата „Гошинце“, синоќа околу 02:40 часот, била цел на терористички напад, кој го извршиле четириесетина маскирани и добро вооружени лица. Тие, според првичните полициски информации, носеле униформи со ознаки на УЧК.

Ова го соопшти помошник министерот за односи со јавност на МВР, Иво Котевски на денешната прес конференција.

Како што појасни тој, униформираните и маскирани лица меѓу себе говореле на албански јазик, а во караулата заробиле четворица вработени. Тројца од нив ги врзале со лисици, започнале да ги удираат, а еден од напаѓачите извадил мобилен телефон и снимал.

Лидерот на напаѓачите преку преведувач, кој зборувал лош македонски со додавка на србизми им се обратил на вработените:

„Ние сме од УЧК, ниту Ахмети ниту Груевски не можат да ве спасат. Сакаме наша држава, не сакаме никаков Охридски договор“.

Вооружените лица им се заканиле на вработените дека доколку се вратат и повторно ги затекнат во караулата ќе ги убијат. Им дале рок од половина час да ја напуштат караулата.

Еден од вработените кој не бил врзан успеал да дојде до клучот и да ги ослободи останатите колеги.

Тие тргнеле пеш, а им биле земени оружјето и мобилните телефони. Додека пешачеле слушнале истрел од долг рафал. Според МВР, напаѓачите најверојатно се државјани за Косово.

Сценариото всушност е идентично како она во 2001 година. Прво започнува со криминална операција за незаконско стекнување на приватни прислушувани разговори, која е изведена на истиот начин и од истата тројка како и во 2001 година – Верушевски, Лазаревски и Костовски. Потоа имаме незаконско објавување на истите тие креирани материјали од страна на претседателот на СДСМ, во 2001 година иако малку поумесно тоа го правеше Бранко Црвенковски, а во 2015 тоа го прави квинслингот Зоран Заев, кој пак од вчера е и јавно поддржан од Бранко Црвенковски, имено главниот спроведувач на сценариото од 2001. Се предупредуваше уште пред три месеци, пред Заев да почне со ова срамно одработување против сопствената земја, и постојано се предупредуваше дека целта на овој мрачен лик е обид да се ослабе способноста за одбрана и безбедност. Заев тоа се обиде да го направи преку компромитирање на безбедносните служби, издавање на сензибилни информации за оперативноста на службите и меѓународната соработка на нашата со странски сродни служби, преку издавање на државни тајни, намалување на моралот на безбедносните сили, создавање на подлога и повикување на конфликтност, нарушување на имиџот на земјата, преку напади врз правосудните органи, и отворање на простор за радикални сценарија. И сето тоа со креирани, лепени, прелепувани, монтирани материјали и контекст кој тој лично им го даваше, а кој воопшто не беше вистинит и реален контекст. По сето ова одработување на квинслингот Заев како што во 2001 година се случи Танушевци, денеска се случува Гошинце.

И денеска, исто како во 2001 година, се започнува со специјална војна и хушкање базирано на тотално неточни и невистинити тези пласирани од медиумите на СДСМ и срамната Сосросова фондација, дека наводно власта се обидува нешто да фингира за да затскрие и потисне нешто друго, што е апсолутно и целосно неточно. Власта нема никаква причина за така да се однесува бидејќи е во голема политичка предност пред опозицијата, и реализира програма и проекти кои дополнително го зголемуваат тој политички капитал.

Институциите во земјава, водејќи се од националниот, државниот и интересот на граѓаните, најавуваат дека ќе се дејствува мудро, трезвено и со ладни глави, одговорно и посветено, но и одлучно и решително на секое поле!

Исто сценарио, два пати НЕ БИВА! Граѓаните го имаат добро прочитано ова сценарио и нема да дозволат да им се повтори, особено НЕ сега кога имаме економско придвижување, отворањето на новите фабрики, подобрувањето на можностите во секоја сфера и отворањето на новите работни места.

Ваква работа, со дестабилизација, на никого не му е потребна, освен на тесен круг на лица болни за власт, а предводени од Заев, Црвенковски и од Милчин!

Ќе добијат одговор од граѓаните.

Бо битката на тесната клика на опозицијата против народот Македонија, ќе победат граѓаните на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.