Македонија денес во жолта фаза

Македонија денес во жолта фаза. Во текот на денешниот ден со топлотен бран од жолта фаза ќе биде зафатена територијата на цела држава, односно ќе имаме температури до 40 степени Целзиусови, кои ја дефинираат жолта фаза.

Од УХМР најавуваат сончево и топло време со мала облачност во планинските региони и со слаб променлив ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топла со мала облачност и со слаб североисточен ветер. УВ-индексот до сабота ќе има вредност 6.

Почитувајте ги препораките

Почитувајте ги препораките!
Почитувајте ги препораките!

Потребно е граѓаните од цела држава да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Во продолжение се општи препораки за заштита на населението од високите летни температури:

  1. Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
  2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
  3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
  4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
  5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
  6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
До крајот на работната недела жолта фаза
До крајот на работната недела жолта фаза

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е почитување на следните препораки:

  • Задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
  • Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
  • Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

До крајот на работната недела жолта фаза

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса поради која ќе имаме доста топло време за овој дел од годината.

Во деновите на викендот полека температурата ќе опаѓа, а веќе од недела попладне со зголемена облачност ќе имаме и врнежи од дожд и појава на нестабилност со ретки грмежи претежно на југот од земјата. Повремени врнежи ќе има и во ноќта кон понеделник и во текот на денот.