Даштевски: ВМРО-ДПМНЕ е нападната од политички причини со цел за да ослабне и да може да се промени името

Со прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од пред два дена сериозно е загрозена демократијата во Република Македонија, и тоа прво е загрозена парламентарната демократијата која треба да биде основа за функционирањето во светот, затоа што е нападната најголемата политичка партија во Македонија исклучиво од политички причини со политички средства за да се ослабне и да може да се изведат некои операции во државата, од кои главната е промена на името, истакна аналитичарот Александар Даштевски на трибината во организација на Институтот „Павел Шатев“.

„Не треба да говориме за тоа дали е или не е политички орган СЈО бидејќи начинот на кој беше избрано го прави политички орган. Сето ова е продукт на една хибридна војна која се изучува во светот последните 70 години, но не сме биле сигурни колку тоа земало замав. Во таа хибридна војна некои работи воопшто не се ни решаваат. Главната цел било да се тргне оваа партија која е на власт бидејќи ги застапува националните интереси, а на нас ни треба слепо послушна влада која ќе ги исполнува целите кои некој ги зацртал во геополитиките. СЈО како еден орган ги спроведува овие работи“, смета Даштевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.