Престрелка во Батинци, еден повреден

Триесет и петгодишен жител на скопско Батинци е повреден при престрелка којашто се случила вчера попладе пред ресторан во Батинци, информира денеска полицијата.

Според информациите, за престрелката сред село полицијата е инфомирана околу 13,45 часот, а потоа од болницата „8-ми Септември“ известиле дека кај нив е примен Р.А. (35) со прострелни рани во нозете. Повредениот поради сериозноста на повредите е опериран во болницата кратко по приемот.

На пукањето, како што велат од полицијта, му претходела тепачка која започнала внатре во ресторанот и по кратко време продолжила надвор пред ресторанот, каде било пукано во Р.А.

Веднаш по настанот, сторителите побегнале со  возило „Ауди А8“. По добиената информација, тим од единицата „Алфа“ го пронашол возилото, на кое биле забележани оштетувања од огнено оружје. На местото на настанот било пронајдено и патничко возило „Пежо“, сопственост на С.А. од село Батинци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.