Ако сакаме правна држава, Законот за јазици треба итно да биде повлечен

Парламентарното мнозинство одбра да молчи. Освен што не свикаа јавна дебата за да се изјаснат сите експерти, туку и тие одбраа да молчат, обвини пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

„Мене ми е навистина жал што македонската јавност немаше можност овие експерти да ги слушне тука во Собранието, каде што треба. Јас ќе цитирам дел од изјавата на академик Катица Ќулавкова која сите знаеме дека воопшто не го поддржува ВМРО-ДПМНЕ, напротив, но таа вели дека овој предлог-закон е противуставен и треба и мора да биде повлечен без разлика на сите дилови кои ги има направено Зоран Заев со албанските партии. Овој предлог-закон доколку ние сакаме да бидеме правна држава под итно треба да биде повлечен од процедура и да се доработи“ истакна Ласовска.

Рече дека претставници на Владата излажале за бројката на Еуролекс, само за на Законот да му се стави европско знаменце.

Нејзината колешка од најголемата пратеничка група во Собранието, Владанка Авировиќ на истата собраниска седница посочио дека професорите лингвисти имаат забелешки за Законот за јазици. Професорите упатија едно барање и еден приговор и сите го имаме, каде тие вршат детална анализа на предложениот Закон за јазици и меѓудругото имаат голема забелешка за која ние никаде не зборуваме за тоа во парламентот, истакна на Авировиќ.

„Зборуваме само за унапредување на јазиците, а гледаме дека овој однос во врска со спроведувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик е благо речено, непримерен и штетн за јазичната политика во Република Македонија и сметаат дека се поткопува и онака воспоставената рамнотежа“, посочи Авировиќ.

Поранешниот министер за надворешни работи на владата на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, оцени дека „неуставниот“ закон за јазици е тука „за да рашири магла, за Анѓушев и Мерко да си ги покријат криминалите“. Тој напомена дека меѓу другите, овој закон го предложиле вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот без ресор Мерко.

Говореше зошто тие имаат потреба од овој закон, карање меѓу Македонци и Албанци, меѓу политички партии и стереотипи.

„Затоа што против господинот Мерко, сегашен министер, се води постапка за 6 милиони евра проневера за улично осветлување во Струга, наменски формирана фирма Сити Лајт, којашто во моментот на тендерот, нема исполнето ниту еден од условите вреден 6 милиони евра“, изјави Милошоски.

Напомена дека сега е поважно Мерко да им каже дека Антонио не ги сакал Албанците, а да се тргне курсот од неговиот криминал.

„Заедничкиот интерес на Анѓушев и Мерко е тендери, милиони, кеш и пари. Не потребата на граѓаните на Македонија. Овој неуставен закон е тука за да рашири магла, пред избори треба да се гласа, за да се направи политички пазар, не за да донесе поквалитетен живот, туку некој да си ги покрие криминалите кои што ги направил или што има намера да ги право“, изјави Милошоски.

Поранешниот претседатело на Собрениот, Трајко Веаноски, пак, оцени дека секогаш кога СДСМ е на власт се прават крупни стратешки грешки на штета на Македонците и на македонската држава.

„Политичар кој долго време е во политиката треба да внимава кога разговара за стратешки работи. Радмила Шеќеринска во 2011 година јасно кажа дека е против Рамковниот договор и одредбите од истиот и тој може да направи голема штета во иднина, а сега го потпишува Законот за јазици и го доставува тука како вицепремиер во владата, па го става и знаменцето“ рече пратеникот Трајко Вељаноски.

„Секогаш кога СДСМ е на власт се прават крупни стратешки грешки на штета на Македонците и на македонската држава. Во 1994 година приватизација, 200.000 стечајци. Во 2002 година територијалната поделба, стратешка грешка за Македонија и македонскиот народ. После 10 години ги донесоа на власт и сега треба за кратко време крупни прашања да решаваат на регионално ниво, договорот со Бугарија, јазикот противуставен и надвор од Рамковниот договор и до нова година ќе ни го сменат името и идентитетот. Така знае да владее СДСМ“, потсети Вељаноски.

Според пратеник Драган Данев, „јасно е како бел ден“ дека Законот за јазици е неуставен и тоа се зборови на неколку пратеници од СДСМ и владејачкото мнозинство.

„Процедурата е нарушена, односно Деловникот за работа на Собранието е згазен, прегазен. Експертската јавност е со експлицитен став кој вели, законот е неуставен. Тие велат дека ова е вовед во јазична федерализација на Македонија и со овој Закон дефакто политиката е над правото. Дури и МАНУ, чиј претседател не е близок и не е член на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Таки Фити, велат за овој закон треба широка јавна дебата. Целта е прочитана и јасна, да се покрие неспособноста на градоначалниците на Тетово, Гостивар, Кичево, на Чаир. Вештачки да се насочат Албанците против ВМРО-ДПМНЕ, против кандидатите за градоначалници на Тетово и Гостивар, Манојловски и Стојановска. Против Коце Трајановски, кој ако беше против Албанците ќе градеше ли ново средно училиште ‘Зеф Љуш Марку’ во кое 99 проценти учат Албанци и тоа е за поздравување. Го носите овој закон затоа што немате аргументи и сте подложни на уцени за еден неуставен закон кој се согласивте да го носите во ваква неуставна процедура за да не ви се одлепи оваа селотејп коалиција“, рече Данев.

Граѓаните на референдум да се изјаснат за Законот за јазици побара опозицискиот пратеник Горан Манојловски. Спроед него, очигледно е дека некоја партија ја фаќа паника дека ќе изгуби на изборите и се враќа на старо-нов обид, на националната карта да си го дигнат рејтингот, истакна денес во Собранието, Горан Манојлоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Актуелната Влада има многу ‘висок’ рејтинг, дури над 30 отсто, се сретнува со светски лидери со кои долго разговараат за законот за јазиците во Македонија, што мислите, за да нема недоверба и недоразбирање, дајте нека се распише референдум. Нека одлучат граѓаните на Република Македонија, да изградиме еден мост на разбирање и да го гласаме овој закон сите. Порегуларно, пореално, понародски, поприфатливо решение нема да има. Нема да има ни обвинувања, ни расправии. Има многу недостатоци во законот, дури и Атанасов и Ременски кажаа, како на пример во член 21 и 22 каде што ќе има глоба доколку не се говори тој јазик и кажаа дека амандмански во второ читање, ќе интервенираат. Значи, колеги од ДУИ, најверојатно амандманите ќе се однесуваат и на тоа дека и Албанците ќе треба да плаќаат глоба ако не го знаат јазикот.Тоа треба да им го кажете на граѓаните, затоа што сега чувството е дека само едните ќе бидат казнети. Треба да им објасните на тетовчаните, на гостиварчаните да кажат на референдум да кажат дали се ЗА или ПРОТИВ овој закон“, истакна пратеникот Манојлоски.