„Американски Спектатор“: Трамп и Тилерсон да обрнат сериозно внимание на Македонија, Сорос и УСАИД

„Малата, но силна Македонија е глушец во споредба со големите лавови, но таа гласно рикна оваа година објавувајќи војна против Џорџ Сорос и неговите послушници во владата на Соединете Американски Држави, кои неверојатно финансирале левичарска агенда со цел да се подели нацијата и донесе социјалистичко-муслиманска коалиција на власт.

Тоа беше вид на манипулација на администрацијата на Барак Обама, која беше толку рутинска што тоа помина незабележано во 2012 година, кога УСАИД / Скопје ја избра Соросова Фондацијата „Отворено општество“, за дауправува со 2,5 милиони долари како даночни обврзници наменети за оксиморонската “изградбата на демократија”, износ кој се зголеми на 4,8 милиони долари само две години подоцна.

И додека зборуваме, Фондацијата „Отворено општество Македонија“ е партнер на УСАИД за регрутирање на кандидати за “грантови за ангажман и поддршка на млади” – концепт кој се појави пет дена по инаугурацијата на Доналд Трамп. Тоа во некој дел е, пет годинишен  “граѓански ангажман” вреден 9,5 милиони долари кој започна минатата година.

Судирот меѓу унгарско-американскиот милијардер и САД против националните интереси на Македонија е наведен на веб-сајтот, StopSoros.mk, која започна кон крајот на јануари од страна на новинари во Скопје, кое е патем, родното место на Мајка Тереза.

Во текот на последните три недели, инспирирани од Трамповата револуција, десетици илјади Македонци одржаа мирни собири за национално единство, крај на хаосот создаден од Сорос / USAID, и отстранување на американскиот амбасадор. Еден од најчестите постери е црно – бел, “Не за Соросова Влада.”

Македонските маки го привлекоа вниманието на Капитол Хил кога шест членови на Републиканската партија, напишаа писмо до американскиот амбасадор Џес Бејли на 17 јануари, го одговори за “вознемирувачките извештаи” дека Мисијата на САД “активно интервенираа” во домашната политика и промовира “партии, медиуми и групи на граѓанското општество на левицата “. Тие побараа истрага и од Канцеларија за Одговорност на Владата. Минатата недела, шест републикански сенатори испратија слично писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

За жал, конзервативните пратеници од Македонија имаат проблеми со наоѓање соговорници од Администрацијата кои ќе ги слушаат нивните проблеми – иако неколку долетаа од нив дојдоа во Вашингтон во текот на последните три недели за да го информираат секој кој ќе слуша.

„Сорос беше Клинтон и Клинтон беше Сорос на Балканот“, објаснува еден вознемирен македонски пратеник од Демохристијанската партија ВМРО-ДПМНЕ.

“Сорос е Обама и Обама е Сорос”, додаде пратеникот, кој побара да остане анонимен.

Тој извади документи на масата пред мене, желен да докаже две добро документирани точки: прво, Македонија, единствената земја што излезе од Југославија без војна, е предводена од страна на про-растечата влада на ВМРО која за залага за ниски даноци, семејни вредности и е на власт во последните 11 години.

Македонија во моментов е рангиран на 10 место по “леснотијата на водење бизнис” во извештајот на Светската банка, повисока од која било друга земја од Централна и Источна Европска  – само две места подолу од САД, Фајненшл тајмс го пофали ВМРО за воведување на 10 процентен рамен данок на лични и корпоративни даноци, што е најниско во Европа.

Покрај тоа што е фискално конзервативна, нацијата од 2,1 милиони жители е социјално конзервативна. Македонија е единствената европска земја каде што се заострени ограничувањата за абортус.

“Станавме цел на Сорос, бидејќи сме конзервативна нација”, потенцира политичарот.

Историски гледано, ВМРО-ДПМНЕ се однесува на Внатрешно Македонската Револуционерна Организација од 1893, движење за автономија во рамките на Отоманската империја, 1990 година е ажурирана како Демократска партија за македонско национално единство (ДПМНЕ), како централно-десничарска партија во новооснованата независна Македонија.

Второ, досието на пратеникот покажува дека наместо да го поддржат напредокот на Македонија – или барем да ја стават на раат  – финансираните програми од САД го предизвикаа насилство во стилот на Саул Алински стил и беа инспирација за  политичката криза од 2015 година, како и за зајакнување на политичкиот ривал на ВМРО, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, социјалистичка партија, предводена од Зоран Заев, чии блиски врски со Соросовата мрежа се протегаат надвор од својата татковина.

“Ова се’ уште се случува, и покрај новата администрација!”, објаснува  пратеникот.

Ме покани да разгледам што значи да се преливаат  6-7 милиони долари, колку што е годишниот буџет на Сорос за Македонија, во земја со околу два милиони луѓе, додавајќи дека „тие ја уништуваат мојата земја!“.

Се надевав дека мојот дека мојот нов пријател претерува, јас контактирав неколку паметни, и разумни, конзервативни аналитичари во Македонија и неколку во САД кои патуваат таму често. Сите се согласуваат: Не само што САД играла негативна, контрапродуктивна игра во Македонија, туку нашата надворешна политика ја дестабилизирала земјата и промовирала исламскиот екстремизам.“, пишува спектатор.

Подолу во текстот детално се опишува политичката криза во Македонија, од почетокот па до денес.