Анѓушеви експресно добија дозвола за градба на хидроцентрала

Анѓушев и Заев криминално пренамениле земјоделско земјиште за Анѓушеви да градат хидроцентрали. Станува збор за бизнис кој ќе им донесе нови милиони во игра.

Откако незаконски го пренаменија земјоделското земјиште во градежно, исто така незаконски во експресен рок e издадено одобрение за градење на Анѓушеви, објави „Курир“

Медиумите веќе пишуваа дека Владата на Зоран Заев му помага на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неговите фирми да се богатат, а на  сајтот justpaste.it. беше и објавена одлуката за пренамената на  земјоделско земјиште за Анѓушеви да градат хидроцентрали.

Владата на седница на 29 август донела одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште. Тоа се 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки.

Кога се распрашав зошто е тоа така, ми стана јасно. Зад фирмата која учествува во целата работа стои кој ако не Кочо Анѓушев. Имено станува збор за пренамена на земјиште со која неговата вредност неколкукратно се зголемува. Станува збор за земјиште на кое треба да се гради ХЕЦ Тополка со придружни објекти. Фирмите кои стојат зад сето ова се Energy delivery solutions и Hidro holding односно Мали Хидроелектрани Тополки ДОО сега регистрирана на бул.Свети Климент Охридски број 30, во управната зграда на Фероинвест на Кочо Анѓушев. Управител на МХЕ е братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев, објавено е на сајтот кој е извор на информацијата.