Дел од автопатот А1 затворен за сообраќај

Дел од автопатот А1 затворен за сообраќај. Од Мануфактура продукција известуваат дека денес 10.11.2015, поради потребите за снимање на францускиот филм, делот од автопатот А1, делницата од мотел Македонија до Градско е затворена за сообраќај од 05 до 18 часот. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Можна појава на одрони на дел од патните правци

Можна појава на одрони на дел од патните правци
Можна појава на одрони на дел од патните правци

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На дел од патните правци се одвиваат градежни активности. На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.