БЕГ нуди бесплатен парно приклучок до крајот на октомври

Slavonski Brod, 090108. Brodjani ce u sijecnju morati odvojiti dvostruko vise novca za grijanje. Foto : Danijel Soldo / CROPIX

– Сите заинтересирани граѓани може да се јават на телефонскиот број 02/3076-200, а акцијата се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за топлинска енергија во Скопје, соопшти денеска „Балкан енерџи“.

Освен за домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење  е продолжена и за правните лица, кои, посочуваат од „Балкан енерџи“ со последното утврдување на цената на топлинска енергија во август годинава, исто така, добија значително намалување.

Во рамки на досегашната акција за бесплатен приклучок во системот за топлинска енергија приклучени се околу 700 потрошувачи, а се јавиле 900 потрошувачи.

Според „Балкан енерџи“, најавата за можен пад на температурите го зголемила интересот за приклучување на системот за толинска енергија, на што дополнително придонело и  намалувањето на цената на топлинската енергија за домаќинствата за скоро 11 проценти.

– Системот за топлинска енергија, освен што нуди најекономично загревање, истовремено е и најеколошкиот енергенс, чие зголемено користење во голема мерка придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот во зимските денови во Скопје, се вели во споопштението.

„Балкан енерџи“ од пред два дена почна со секојдневни ладни проби, со цел проверка и подготовка на системот за топлинска енергија во претстојната грејна сезона. Компанијата апелира до сите постојни потрошувачи дека евентуалните дефекти се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на следнот линк: http://beg-distribucija.com.mk/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или СМС порака на телефонските броеви: 076-350-298, 078-207-056, 070-369-337.