Бркањето странски инвеститори им користи на тајкуните на СДС

Пресот на владата за странски инвестиции беше уште еден класичен обид за манипулација на јавноста и нејзино дефокусирање од деструктивните економски политики на неспособната влада предводена од СДС.

Новата влада во паника од економскиот колапс денес излезе со апсолутно неточни информации во делот на странските инвестиции. Веселата Математиката според Рашковски е применета при пресметките.

Почитувани,
СДС нема концепт за странски инвестиции и апсолутно никакво познавање на проблематиката ниту регулативата што се занимава со странски инвестиции. На денешниот прес СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за над 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 Милиони Евра за креирање над 25 илјади работни места плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем најголема ставка е ДДВ кој според закон е повратен, СДС пресметува ДДВ по формулата на Тевдовски. Ако го пресметаме бенефитот според формулата на СДС тогаш само една компанија во Македонија лоцирана во ТИРЗ 1 ќе има 30% опфат од целокупната економијата.

Бркањето на странските инвеститори само ќе им користи на тајкуните на СДС, Бркањето на Странските инвеститори ќе ја намали просечната плата. Оваа погубна политика на СДС мора за престане, доколку оваа лудило продолжи Македонија ја чека економски колапс полош и од криминалната транзиција.

Почитувани,
Сакам јавно да го прашам вицепремиерот за економски прашања колку средства добива на годишно ниво за производство на електрична енергија. Јавноста треба да знае колку средства добиваат компаниите на Кочо Анѓушев.

Влада која за партиски вработувања за само 100 дена потроши 340 милиони евра без притоа да привлече ниту една странска инвестиција и ниту еден капитален проект нема право да говори за економските политики на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. На СДС му пречи фактот што владата предводена од Никола Груевски преку привлекување на странски инвестиции успеа да креира 20 илјади нови вработувања и во услови на криза македонската економија да има раст на БДП.

На СДС му пречи фактот што тие ќе останат запаметени како гробари на македонската економија и партија која еднострано во парламент без опозиција го изгласа законот за приватизација. Партија која преку криминалната приватизација остави 200 илјади луѓе на улица и ја врати македонската економија 50 години назад.

Нивното расипништво уште еднаш се покажа на дело преку нивната неспособност на веќе започнати или завршени преговори со преку шеесетина странски компании да успеат да ги убедат да инвестираат во Македонија. Ова Македонија ја чинеше загуба на преку 25 илјади работни места, преку 25 илјади млади луѓе кои би добиле свое работно место и би успеале да се осамосталат.

Тие преку лоши кадровски политики, креирање негативна кампања насочена кон странските инвестиции, повлекување на економските промотори и одлуката да се објават договорите за субвенции со компаниите во слободните трговски зони успеа да ги истераат потенцијалните инвеститори од Македонија.

Нивното најголемо пред изборно ветување беше токму просечната плата од петстотини евра. За само три месеци тие успееја со своите лоши економски политики да ја намалат просечната плата за 0.7 проценти. Единствен начин за просечната плата реално да се зголемува како што се зголеми во времето на ВМРО-ДПМНЕ од 12 илјади денари во 2006 на 22 илјади во 2016 година е преку нови вработувања. Како што се намалуваше невработеноста од катастрофалните 37 проценти во 2005 во времето на СДС на 22 проценти до крајот на последниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ пропорционално растеше и просечната плата.

Тоа е основен економски принцип, како што се намалува понудата на некое средство како што е во овој случај работната сила така расте цената која купувачот односно работодавачот треба да ја плати. Оваа влада нема познавање на основните економски принципи и забрзано ја движи македонската економија кон рецесија и еден огромен амбис. Граѓаните секојдневно гледаат како СДС со катастрофалните економски политики ја уништува македонската економија и токму поради ова на 15 октомври ќе ја казнат оваа неспособна влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.