Чипушева: Парламентарното мнозинство со сила и насилство го турка Законот за јазици

Пратеничката Нада Чипушева денеска во Собранието истакна дека парламентарното мнозинство го турка Законот за јазици со сила и насилство.

-Еден таков закон беше донесен во 2008 и 2011 година, меѓутоа, со сосема друг наслов. И тоа „Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа“. Колешке Кузмановска, јас никаде не сретнав во предлог-законот за употреба на јазиците да се даде појаснување зошто и насловот на овој предлог-закон е изменет. Понатаму, се вели „Предлог-закон за употреба на јазиците“, меѓутоа, ако веќе навлеземе внатре во суштината на законот ќе видиме дека всушност, станува збор само за употреба на албанскиот јазик и тоа на цела територија на Република Македонија, истакна Чипушева.

Таа праша каде е употребата на јазиците на останатите етнички заедници.

Појасни дека во Радовиш, од каде што доаѓа таа, 16,7 отсто од населението со Турци, а потоа ги праша пратениците од парламентарното мнозинство дали на овие луѓе им кажале дека нема да се залагаат за употребата на турскиот јазик.

-Овој закон дека е против уставен, дека е надвор од охридскиот договор, тоа го потврдуваат и експертите како госпоѓа Катица Куљавкова која што е критичар на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, еве го критикува овој предлог закон. Понатаму, професорката Билјана Ванковска која исто така вели дека е против уставен, професорката Гордата Силјановска и многу други експерти кои што бараа јавна расправа, но не им беше овозможено да го кажат мислење, своето стручно мислење да го искажат пред македонската јавност, истакна Чипушева.