Десет македонски државјани се јавиле na дежурната линија во врска со невремето во Грција

На дежурната телефонска линија во Канцеларијата во Солун, досега се јавиле вкупно десет лица, а во Министерството за надворешни работи се јавија три лица, главно родители кои бараа известување за состојбата на нивните деца и роднини кои се на летување во Грција, а се јавиле и граѓани кои бараа совет за нивните паркирани и поплавени патнички возила.

Во текот на вторникот Министерството за надворешни работи во координација со Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун, отвори дежурни телефонски линии кои се сѐ уште достапни за потребите на македонските државјани за помош и информација.

Исто така, Канцеларија во Солун добила барање за информација, по е-меил, за состојбата на македонски државјани во кампот Каламици, по што вечерта на 17 јули како и денеска, била контактирана управата на кампот, при што беше потврдено дека ниту еден човечки живот не е загрозен. Во моментов, во кампот има електрично напојување, се прават напори да се добие и топла вода, додека патот е прооден.
Паралелно, колегите од Канцеларијата во Солун стапиле во контакт со македонските државјани во кампот и ги инфомираа за состојбите.

Интензивните врнежи што во понеделникот ја погодија северна Грција, особено вториоткот крак Ситонија, предизвикаа поплавување и неможност за движење на патиштата, пред сѐ,на патот Лариса – Кожани, како и поголеми проблеми во туристичките места на вториот крак, Торони, Порто Куфо и Тристиника, каде беа поплавени паркирани возила и заглавени туристи, во близина на плажата Торони.

По добиените информации за заглавени туристи, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун веднаш стапи во контакт со грчката пожарникарска служба и туристичката полиција, од каде беше потврдено дека се работи за група српски туристи кои се евакуираат.

Министерството за надворешни работи и натаму ги следи состојбите во Грција преку Канцеларијата во Солун, кои се во постојана комуникација со надлежните грчки власти.

Според добиените иформации дека во моментов се прават напори да се санираат штетите и да се испумпа водата во Торони и Порто Куфо, како места кои беа најсилно погодени од невремето.

Воедно инфомираме дека грачките власти немаат евидентирано македонски државјани кои се повредени, исчезнати или се во опасност заради поплавите, значи според инфомациите од грачките власти макеоднските државјани се безбедни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.