Димовски: Целта на 10-те пратенички групи е да овозможиме дебата во Собранието, нема да дозволиме ниту едно ветување на СДСМ да се заборави

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле на 10 пратенички во Собранието, пратеникот Илија Димовски кажа дека тоа е така бидејќи Зоран Заев не го исполнува она што го ветил, а тоа е инклузивноста и одлучувањето за важните прашања, тој како пример ги даде договорот со Бугарија кој новата Влада го крие, како и разговорите на Димитров со Коѕијас, за кои исто ништо не се знае, кажа Илија Димовски во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5.

„Целта е позитивна, целта е да овозможиме дебата во Собрание. За СДСМ не беше проблем 15 месеци да не учествуваат во Собрание, но проблем е кога други пратеници сакаат повеќе да учествуваат во неговата работа. Сите клучни елементи за контрола на работа на Собранието ги имаат заедно со нивните коалициони партнери, ние ќе ги користиме максимално нашите дозволени средства за да влијаеме не процесите“, рече Димовски.

Димовски кажа дека динамиката за работа на овие 10 пратенички групи најмногу ќе влијае од она како новата владеачка партија СДСМ се однесува.

„Ако СДСМ продолжи да се однесува вака, да е убава обланда во искажувањата на говорите и намерите, а во суштина да нема ништо. Министерот за финансии на ВМРО-ДПМНЕ пред ребаланс на Вуџетот секогаш имаше интензивни средби со претседателот на комисијата за финансирање при Собранието, кој секогаш беше од СДСМ. Досега претседателот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква комуникација и информација од министерот за финансии“, изјави Димовски.

Димовски во емисијата зборуваше и за настаните и немилиот четврток во Собранието и кажа дека во Собранието сите мислат дека тоа не треба да се повтори.

„СДСМ сфати дека не смее да ги поминува црвените линии од национален интерес, барем така ветуваат, сега сме на испит да го видиме договорот со Бугарија, ДУИ научи дека кршењето на националните правила носи проблеми, ВМРО-ДПМНЕ учествува во работата на Собранието, упатува една позитивна порака исто така. Битно е Собранието да функционира“, речи Димовски.

Кажа дека вчерашниот предлог за укинување на радиодифузната такса бил даден бидејќи СДСМ веќе две години ветува за тоа, а вчера го изгласа. Кажа дека би сакале да се избегне моментот на владеењето како што тоа го правеше СДСМ додека беше на власт, како што беше тоа во 2002 година.

„Ние ќе продолжиме да ги притискаме, нема да дозволиме ниту едно ветување кое тие го дале, ние нема да дозволиме нивните ветувања да бидат заборавени. Ако ветиле мора да исполнат, гласањето е некаков договор, СДСМ се договориле со граѓаните да гласаат за нејзе, а тие да исполнат 30.000 денари плата, радиодифузна такса, бесплатно образование итн“, додаде Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.