Димовски: И пратениците од СДСМ се свесни и не кријат дека СЈО е политичка институција

Пратеникот Илија Димовски во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5, се осврна и на моменталната ситуација со ткн реформатори на партијата, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ доста пати во историјата имале вакви ситуации во партијата.

Се осврна и на реакциите на основачите на дел од основачите на партијата, кои „реформаторите“ нарекоа диво месо.

„Има реакции, нормално е, чувството е дека партијата е под удар, како и што е, СЈО штанца обвинителни акти, се појавува некое движење за реформи, не знам што. Природно е, не може да ги обвините луѓето што имаат таква перцепција, дека се тоа наеднаш се случува“, рече Димовски

Кажа дека ниту еден сегмент од партијата смета дека не треба ваквите партиски проблеми да се решаваат „надвор од дома“, туку да се решаваат внатре.

„ВМРО-ДПМНЕ е многу значаен сегмент од политичкото живеење на Република Македонија, колку е поединствена ВМРО-ДПМНЕ, толку е поголема сигурноста дека Република Македонија ќе оди во позитивен правец. Потребна е партија која што е десно ориентирана, која што ќе се грижи за граѓаните, ќе се грижи за националните интереси, која што ќе се залага за либерална економија, за ниски даноци, која што ќе се бори за правата и на помалите етнички заедници во Македонија. Тоа можеме да го постигнеме само ако сме единствени и силни“, порача Димовски.

Илија Димовски кажа дека ако е точна анкетата на Брима Галуп, каде што се топи предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, и дека тоа е добар повод СДСМ да распише и парламентарни избори заедно со локалните во октомври.

„Ако од СДСМ сметаат дека имаат предност пред ВМРО-ДПМНЕ, наместо да размислуваат како да ги одложат локалните избори или како да одложат некое од ветувањата спрема граѓаните на Македонија, посебно на гласачите Албанци, заедно со локалните избори да распишат парламентарни избори, па да видиме кој колкава предност има. Па тука на вага ќе биде и закон за јазици, проекти, држава, радиодифузна такса и однос Собрание-Влада, Влада-Собрание“, рече Димовски.

Се осврна и нападот на СЈО кон партијата, и според него дека последен ваков напад кон некој политички субјект и луѓе од една страна бил 1948 година, кога од политчки причини луѓе кои биле дел од тогашното ВМРО завршиле по затвори, а дека ова е вторпат.

„Никој во оваа држава не треба да биде убедуван дека СЈО е политичка институција, дури и најголемите гласачи и поддржувачи и колегите пратеници од СДСМ во Собрание, не го кријат тој момент и тие се свесни дека СЈО е политичка институција. Значи колегите пратеници во Собрание од СДСМ го кажуваат тоа, разликата е тоа што нив им одоговара тоа, затоа што преку СЈО сакаат и успеаваат да постигнат некои одредени политички цели“, изјави Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.